аеродром (имн.) - во (предл.)

На аеродромот во Лос Анџелес на секоја минута се спушта по еден авион.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пред неколку години, едни пријатели од Париз, кои за првпат допатуваа во Северна Америка, од аеродромот во Детроит ги однесов право во една маалска деликатесна гостилница во Ен Арбор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одлетале од некој таен аеродром во Канада на состанок некаде во Сибир и конферирале со членови на Евразискиот генералштаб, на кои им предале важни воени тајни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој како да го засекол големиот аеродром во чија должина огромните „Боинзи“, од далечина, личат на мали летачки преку што наеднаш се открива и големината на овој аеродром.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)