Тогаш се прекрстив онака како што татко ми велеше, ко што ме советуваше, се прекрстив и изустив:  „Господе Боже, ангелу што ми стоиш на десното рамо, чувару, Спасителу...спаси ме од рогатиот, од оној кој со Господа бил, а Господ аждер го престорил, наземи го испратил. Спаси ме, Боже, од сатанаил.“
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  На плоштадот на револуцијата во Москва  гладта доаѓа катаден кога е ручек време  доаѓа како на волшебно килимче  на лепче намачкано со маст и црвен пипер  доаѓа и се клешти како гласник на светските промени  се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
               
             
           
            
            
              „Кревалка“
               од Ристо Лазаров 
              (2011)