Додека трчајќи мислам на тоа како на сцената сум само глупаво нашминкан актер чии зборови не може да бидат сфатени сериозно, слушам како смеата и ракоплескањето се засилуваат. * Запис пронајден во стара театарска завеса                               ВО ЛАВИРИНТОТ*                 Ја штипнав за задник царевата ќерка и ме       затворија во лавиринтот на Минотаурот.
               
             
           
            
            
              „Азбука и залутани записи“
               од Иван Шопов 
              (2010)