Во стеблото на еукалиптусот  Коалите се живо сведоштво дека и без палата  Можат да се сочуваат алтан соништа  Ќе го речеш оној во вештачкиот базен бил алигатор  Па што ако е алигатор  Да не не може случајно да ми доскокне до сонот  Алигаторот ти е како оние интелектуални ветрогони  Многу ’рчи а ич не сонува  Најпосле дојде времето на чистите сонови  Само тие севезден лачат најволшебна влага
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)