алузија (имн.) - во (предл.)

Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Арафат го крева маслиновото гранче на мирот, а ја спушта пушката! - ги коментирав зборовите на Кадуми, откако заврши разговорот со Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби освен неодредената алузија во написот посветен на Патрик Крисман во Телерама, јас не сретнав и најмал рублицитет за вашите книги, покрај објавените критики.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елементот на водата, кој се јавува непрекинато, дури и кога е мошне потиснат или само како алузија во неговите куси и долгометражни филмови, заканувачки е врзан со насилната смрт со давење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фарук Кадуми ја насети алузијата во која можеби се криеше и суштината на Арафатовата владетелска стратегија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиниот продуцент е од Универзитетот и тој, секоја недела води дебата за различни актуелни прашања (од политичка, социјална и културна природа) со национална или со интернационална димензија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)