балкон (имн.) - во (предл.)

На времето седевме вака заедно на балконот во родниот дом. Дење зјапавме во минувачките на улицата и како постар ѓоа те подучував како се ловат убавици како пеперутки во везден фрлените машки љубовни мрежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Почетокот е забавен, си рече Едо. Дури и духовит, помисли, насмевнувајќи си се сам за себе и го исправи пред себе патот натаму после што сврте десно насочувајќи се кон широко распосланата двокатна, очигледно повеќе пати доградувана куќа со три балкони во низа долж целата фасада на куќата на Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фоте ѝ го беше принесол под носот да го мирисне, пред да го однесе на балконот во подавалникот со локум.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кога се врати од балконот во собата со чувство на свршена работа, Кате веќе седеше на креветот не само спакувана туку и со затворен петент на торбата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)