блок (имн.) - во (предл.)

Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие се поставени симболично, како показ за обете воено-политички блока во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Двата главни блока во секој број ќе бидат: претставување на значајна личност (Набоков, Пинчон, Дишан, Дерида... во првите броеви) преку интервјуа, критички текстови и преку самото нивно творештво.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Станковски, инаку, тие свои неколку малубројни изложби главно ги има направено во Холандија и Германија, додека во Скопје пред сѐ беше познат како член на групата Зеро, за која исто така подготвуваме еден поголем тематски блок во Маргина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)