бомба (имн.) - во (предл.)

Тогаш, кога Ѓоре Дамчески Џаџоски рече дека се согласува да ја отера бомбата во Прилеп, Крсте Јанчески, војводата, иако во постојани сфатки со Дамчески, дали за инает на полицајците, или за овојпат да си остане таков каков што беше секогаш, праведен, одреди уште петмина мажи, меѓу кои и најмалиот од тројцата свои синови, Тодија, да отидат на Црн Камен и да им помогнат на првите тројца да ја натоварат бомбата на колата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, да ја отера бомбата во Прилеп на воловска кола, иако неексплодирана, намерно им го сторија на Ѓорета Дамчески, на Дикса и на Бориза Една, намерно им направија така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се уплашил дека полицајците за одмазда, можат да ја остават бомбата таму каде што се најдува па таа да убие некого од овчарите или од децата и се согласил да ја однесе бомбата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Очите ги чувствувам како да сум ги тркалал во крупен песок, видот ми е замаглен. Налудничав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Собата изгледа како да паднала бомба во неа: пивски шишиња насекаде, со нив и едно празно шише виски, два пикавци од џоинт, сметката за електрична струја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бомби во полициски станици, убиства на полицајци, судири на гранични патроли со вооружени лица – сите овие нешта ги имаше и порано.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Поради шумот, притрча еден патролен одред од 12 војници, што убиле некои од заговорниците, но другите ползувајќи го нередот, влегоа во зградата на Банката и фрлија динамитни бомби во сите насоки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Георги Богданов фрлил бомба во кафеаната “Ноњо“, што било на плоштадот до самиот кеј.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На солунската станица имало силна полиција, биле присутни сите солунски конзули и високи државни службеници, а веднаш до нив и неколку гемиџии со динамитни бомби во џебовите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Запрен на сред скалите, успеал набрзина да фрли бомба во внатрешноста на зградата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го прашаа: ’Зошто фрли бомба во ’Алхамбра’ (мислеле дека тој фрлил бомба тука).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Инаку, тие располагале и со железни бомби произведени во познатата работилница за бомби во с. Саблар, но во ограничен број - имале само дрсетина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најмладиот гемиџија Милан Арсов, по дадениот знак, фрлил бомба во кафе- вариетето „Алхамбра“. Тука загинал еден келнер.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како да експлодираше бомба во мене.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но најголемиот дел од деструкциската уметност на жените го истражува проблемот на уништување на идентитетот и децентрирањето на Јас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета ја грабнува чашата сок од раката на едното дете, отпива од сокот и течноста ја исплукува врз Среќко кој се превиткува на подот. Сите стануваат. Настанува врева)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И додека Холокаустот може да биде наш репрезентативен текст кој делумно е читлив низ технологијата на деструкција, тој текст сепак мора да се врати кон читањето на материјалниот универзум на телесната болка. R.D. Laing се сеќава на „едно малечко седумнаесетгодишно девојче во ментална болница“ којашто беше исплашена поради „атомската бомба во неа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета (Стои над Среќко): Слушај, ти, робу на салама и кашкавал! Ако имаш сида повторно ќе се вратам, но тогаш ќе ти набутам бомба во чмарот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Штом на кметот му ја протнал бомбата в куќи, се сокрил во некоја визба, се изнапил вино и викал слободно и јавно по сокаци: „Кметот свадба прави!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во повоените години, кога сè уште го имавме старото државјанство, зар не биле бомба во ковчегот на Мајка?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во спокој ќе живее сѐ до времето кога во Тирана ќе биде фрлена бомба во советската амбасада.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)