Така зборуваше Игор Лозински, а тогаш во татковата свест проработуваше силниот систем на асоцијации: Зарем јагулите на долгиот пат, кога се оддалечуваа од Езерото во морињата, во длабините на океанот, нели го губеа надворешниот вид и гледаа и со внатрешниот вид кон целта, кон морето и родниот океан, а на враќање, кон Езерото на нивните предци.  ,,Треба да си лишен од родната земја”, - му велеше во една друга прилика Игор Лозински на Татко, - ,,за да ја љубиш својата родна земја со неземска љубов.
               
             
           
            
            
              „Патот на јагулите“
               од Луан Старова 
              (2000)