вложи (имн.) - во (предл.)

За жал, кај нас тоа во овој момент не е случај што се должи токму на фактот што институционалната изложбена дејност не е јасно издвоена од комерцијализираниот пласман на делата и тоа не само поради тоа што нема доволно приватен капитал, а и тој што постои не е стратешки насочуван кон вложување во ликовната уметност, туку и поради тоа што и најелитните институции презентираат дела чии комерцијални вредности се поголеми од уметничките.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се прашувам, сепак, не ли е Хартмановиот гест, кој, алудирајќи на зборот не само како на рана туку и како на мелем (мелем за рана која би била размак, грама, диференција), со тоа давајќи му на зборот повеќе лековити отколку значенски својства, всушност ист како оној на Дерида и Борхес?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хартмановото вложување во романтизмот е премногу големо за тој да не се чувствува загрозен од Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)