внимание (имн.) - во (предл.)

И вслушувајќи се со ослабнато внимание во утањето на утките од под стреите и на бувот од Камен, и чувствувајќи се некако, победител над нив и над сѐ што тие можат да искобат, гласно повторува: Значи така, значи така, тој, Максим Акиноски се обидува да го припрокрене мракот од душите и умовоте на славјаните во Потковицата и да пушти светлина во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа и посебно внимание во дијалогот на двајцата интелектуалци му се посветува токму на Фаик Коница: ...нашиот Фаик Коница во битката на европските идеи не го претопил своето балканство во европејство, за тотално расчистување со својот автентичен идентитет (како што ќе го направат тоа многу балкански интелектуалци, како романските на пример, меѓу кои најкарактеристичен е случајот на писателот и филозофот Емил Сиоран, кој си поставил за императив или да пишува на француски како Француз или да се самоубие), туку останува доследен на своето балканство односно на албанскиот идентитет, јазик и литература, бранејќи ги со своето прво име Фаик Коница; но паралелно останува доследен и на своето европејство (што го искажува со совршеното пишување на француски јазик, на кое му се восхитувал Гијом Аполинер...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите три сакавме да сме во центарот на вниманието во град, па заедно успешно го изведувавме тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рече, понатаму, дека најмногу внимание во партијата ќе посветуваат на физичкото образование на младите генерации, оти нема здрав народен дух без здраво народно тело; освен тоа, ќе оформувале и играорни групи и кружоци за дебати околу народната уметност денес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Поводот за појавувањето на статијата бил во непосредна корелација со настаните што од крајот на 1944 година се случувале во Грција, а имале посебен одраз врз населението во делот на Македонија во рамките на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со посебно внимание во американската јавност ќе биде примена статијата на Георги Пирински, под наслов "За слободна Македонија", напишана на англиски јазик, а објавена во гласилото на Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, во август 1945 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што беше можеби нужно некогаш моето внимание за да ја разберам докрај нејзината мисија да ми пишува, така и мене ми е нужно овојпат, почитуван читателе твоето внимание во потрагата по Елен Лејбовиц!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А настанот што го спомнувам навистина заслужува внимание во спомнатава смисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Книгата го предизвика моето внимание во времето меѓу падот на врховниот борец Хабиб Бургиба, кој бездруго имаше тиранско-фараонски амбиции и архаичниот лов матанѕа на туните, на една од последните станици од нивниот медитерански свадбен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Посебно ме плени есејот од книгата Во школата на тираните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев среќен што можев во еден убав повод, каков што ретко дарува судбината, да го сретнам повторно по многу години Махмуд Дарвиш на бреговите на Охридското Езеро, роден на другиот брег на ова езеро, кое го сметав како дефинитивна татковина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш беше во средиштето на вниманието во Струга и Охрид, се сеќаваше на враќањето на Рафаел Алберти, во 1978 година во Струга, во годината во која како да славеа две враќања од егзил во поетската република во Македонија, со големиот шпански маг Рафаел Алберти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако е така, нека биде тоа со луѓето од околината, кадешто секој поединец би можел да го насочи своето внимание во правецот што тој го сака. Куќа за состаноци).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Внесувајќи се сега во книгите, свртувајќи го сè повеќе вниманието во нив, заборави на циркусот и на парите што му требаа за да го гледа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ВТОРАТА ЖЕНА: И јас мислам дека она што ќе се пропушти да му се даде на детето во најраното детство, ако ја нема љубовта и вниманието во првите години од животот, човекот останува вечно емоционално оштетен, бара љубов таму каде што не треба, а што е најважно ја нема сигурноста за настап во животот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Право да ви речам, - вели, - другарке доктор, кошулата ја сменив, а другото, извинете, не го фаќав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вие, - � вели, - не обрнувајте внимание во текот на операцијата”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)