Кога Али Фети запали друга пура и му предложи на внукот да прошетаат во градината и до морскиот брег, Татко се почувствува среќен и задоволен што разговорот ќе продолжи.
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  IV  Во ова царство на мажи и без царови  Да му се поклонуваат сите на ножот  В раце што го стегаат овие црни беласици  И кории;      Со него сите очи да им се извадат;  Во онаа провалија долу  И телата со него да им ги избодат      - На опинчарите на рибарите на брсјаците  Да остане ова царство пусто  И само камен  Црн гол камен да се народи  Името под себе да ни го чува  Внуците да ни ги откопаат      Со нив и ние да векуваме.
               
             
           
            
            
              „Вардар“
               од Анте Поповски 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Што заборавате, што заборавате  дека моиве ластари ќе бидат ваши раце  кога ќе легнете - со внуците да се здравувате      А сте ме оставиле само  среде оваа штура голотија на ридов  за да не умре од немаштија  и за да го дојам сонцето.
               
             
           
            
            
              „Вардар“
               од Анте Поповски 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  „Ете, уште една желба и задача за во годината во која одвај зачекоривме“, рече тато Петре, кој оставаше дедото и внукот да си разговараат.
               
             
           
            
            
              „Тополите на крајот од дедовата ливада“
               од Бистрица Миркуловска 
              (2001)