воздржан (имн.) - во (предл.)

Многупати потоа го враќав во сеќавањето тој миг, таа несигурност не само во нејзиното, туку и во неговото држење, присилната воздржаност во погледите, зад која пронижуваа исчекувањето и љубопитноста, и онаа радосна непријатност, составена од среќа и срамежливост, што трепереше по нејзиното кревко лице, и по неговото лице кое се стремеше да изгледа секогаш сериозно, заради што уште во првите години од студирањето тој беше пуштил брада.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Впрочем, тоа да не се разјасни докрај, не беше само негова особина, тоа очигледно беше во менталитетот на луѓето од овој крај, некоја воздржаност во кажувањето на фактите, а уште повеќе на сопственото мислење и ставови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И сите нивни подоцнежни средби ги имаа тие нијанси од првото видување, таа радост и таа непријатност, тоа исчекување, тоа љубопитство, тоа воздржување, таа несигурност, сите тие нешта кои се мешаа со зборовите, а сепак завршуваа во некаква неизговорливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)