вол (имн.) - во (предл.)

Тие сакаат да нè впрегнат во нивниот јарем како волови во кола и да бидеме нивни робови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јас одамна сум ја клал главата в торба, сум ја набил на кол.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Говедска жолчка, побрзал Пандил Димулев. - Да бараме говедска жолчка и грутче во таа жолчка. Тоа било доволно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И сега, кој со кого ќе се здружи? со очај рекол Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој ќе даде воле во туѓа запрега?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Рикна вол во темен дол. Без пари ми свиреше. Само за едно јадење. Ама убаво свиреше човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)