10. Се довлечка тој некаде од мракот како волк  пратен од темната рака на времето  и издлаби во тебе длабнатинка црна  полна со црвена вода  што те поплави  А ти не го чу не го чу  и како да го чуеш во тоа итање  и во таа радост  што само иловицата на стиховите ја познава  Не го чу не го чу не го чу  и никој не те виде
               
             
           
            
            
              „Елегии за тебе“
               од Матеја Матевски 
              (2009)