врелина (имн.) - во (предл.)

Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немаа ист шум на крвта ни иста врелина во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој ѝ климна со главата, а таа само срамежливо се насмевна и го трга погледот на страна, чувствувајќи како ѝ шика врелина во лицето и како врвовите на ушите ѝ горат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кабаницата со биковска врелина и готовност да распарчи секаков отпор под копита, да распне сѐ на рогови, да се забуца до врелина во врелина, ѝ пријде несфатливо брзо и ја прегрна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој стрела исто како отец Симеон само со повеќе врелина во очите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)