Секој ѕид и секој камен го престориле  во молитва и писмо и сега коленичат  пред нивниот најмлад Бог Молоховски  пеејќи му:  О, милостив боже  за извесно време  избери си друг народ  зашто ние сме веќе  изморени од смрти  и трупови  и немаме веќе молитви  наш милостив боже  за извесно време  избери си друг народ!
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)