гледа (имн.) - во (предл.)

Значи, сѐ што се гледа - плус процесот на гледање во него - е Дишан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едната се завршува со претстава за Ништото, а другата со слика на дебел човек кој се смее враќајќи се во 192 Margina #11-12 [1994] | okno.mk селото и носејќи подароци со себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работи кои го пронаоѓаше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше многу здодевно и монотоно тоа седење и постојано гледање во книгите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Што значи терминот “тераписки” во контекст на “тераписка комуникација” или “терапијата како разговор”?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да започнеме со гледање во речникот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Веројатно затоа оние што читаат сакаат да седат покрај прозорец - бидејќи читањето е изговор за гледање во плафоните, набљудување на дождот, разгледување на издолжените сенки.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Иритира ехото од гледање во празно.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Првото гледање во боја вечерта беше со многу пречки, бидејќи во Долнец удрија молњи и се истури силен дожд.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И тука се работи за комплексна игра на идентитетот и на различноста, осцилирачка иронична двојност – истиот оној вид на иронична двојност што му е суштинска на камп-сензибилитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту во еден миг не претпоставувам дека нивниот однос кон филмот е суден да биде и да си остане однос на неквалификувана ревност, на некритичка, буквална идентификација и гледање во огледало, небаре не се способни да внесат во филмот сопствен камп-сензибилитет.301 Она што го велам е просто дека нивниот однос кон филмот не е нужно, неминовно ироничен; понатаму, филмот силно им ја поттикнува неироничната идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа истовремена коинцидентност на страсната внесеност и на отуѓената збунетост, толку типична за машката геј-култура, е она што ја структурира реакцијата на геј-мажите кон сценава. ‌Се разбира, немам намера да имплицирам дека не може и жените да имаат иронична и оддалечена перспектива кон Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми се гади од немоќ, од ладна перцепција, незасегнатост, гледање во една точка, ми се гади од грешки големи и животни, мали и небитни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Зголеми го растојанието, пламни од долгото гледање во истиот свет, овој свет од беглиот допир со стварноста - од нејзината развратност, од нејзината понорност од таа скривница во сударот со измисленото од таа родна куќа, тој нерешлив спор меѓу сонот и јавето – побегни толку далеку што да истинеш од желба да се вратиш, оддалечи се толку многу што да немаш кога, што да немаш младост да се вратиш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)