готви (имн.) - абер (имн.)

„Марк без ‘о’ Стеван со ‘в’ со цртка меѓу нив, фала многу“, ќе речеше и јака ти душа ако некое си му го згрешил од готвење абер ни за жива глава, освен за печена кокошка и за парена брокула никако да потрефи што со што се носи и никогаш не ми бил особено убав но тој ми е првата права љубов и мој семеник мислител знаеше да ги толкува Кант, Декарт и Фанон на појадок или дремнат, да извади повеќе од пристоен нацрт на едночинка за нецели два часа и да се сети на секоја реплика што Џоан Крафорд ја кажала пред камера176 Целиот габарит на важноста на Крафорд може да се измери според нејзината положба во климаксот на низата и според тоа што нејзиното име зазема цел стих во строфата – по зборовите за „репликата“ заради дополнителна нагласка, во случај да ви избегало нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)