До три пати се прекрстила и од бардето до три пати турила вода од Водокрст - за да има Божји благослов и мир во домата - па во котлето по ред клавала босилоче, гранче дреновина, здравче, јаглика, сушен цветец невенче и варзило, клавала, и како што е редот, шепотно благосилала клавајќи ги јајцата во котлето.
               
             
           
            
            
              „Молика пелистерска“
               од Бистрица Миркуловска 
              (2014)