Тоа беа тие други зборови: разновидни  И секој на посебен начин своеглав  А ги прибра од исто дрво  (од една дарежлива овошка, со стотина гранки можеби  И уште со по стотина гнезда на секоја гранка  И уште со по стотина стотици зборови во секое гнездо)  Испилените слогови и расплаканите букви од крошната  Лично ти ги подаде Вистината, со насмевка  На оџачар кој верува дека раздава среќа.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)