грутка (имн.) - во (предл.)

Прикаски болни, таговни Грутки во срце снеговни!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
- Устата да ти се позлати, сестро, - кажи, стопи ми ја грутката во градиве... - се одѕва молежливо мајката и ја стави на градите раката украсена со скапоцени прстени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ѝ се всади еден постојан стреж што ѝ се собираше како грутка во градите, стреж од некоја неизвесност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ме стега грутка во грлото. Необјаснива болка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не јадев. Мртвите не простуваат, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се чудев зашто никој не го побара лековитото грутче во говедската жолчка, таа тајна кон која пред тоа се стремеше очајот на еден болник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓутоа, кога се соочи лицето на доктор Миха со лицето на неговиот син, не се знаеше кој е повеќе мумија; сета крв истечена од неговото чедо, одеднаш скипна и во него, потона низ неговата снага како снеговна грутка во бескрвна тупаница, и тој стоеше како сосечено дрво, не чувствувајќи под табаните ни корен, ни земја, ни камен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гушката на мајка му на Дино завибрира кога ја отвори устата во вчудовидување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како да имав грутка во стомакот и во градите која стануваше сѐ потешка и потешка, и како што тежината се зголемуваше и ’ржењето стануваше сѐ погласно и погласно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)