девојка (имн.) - во (предл.)

Но, чувствува сенка што му паѓа на лицето. Неволно ги отвора очите и гледа: пред него стои црноока девојка во долг фустан и престилка до земја, со ориентален ут во рацете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Свири нежно и тажно, како да сака да ја опфати болката не само на еден град, туку на сиот Медитеран и Исток, а потем засвирува постраствено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На безброј места крај самиот пат, речиси пред секое село, се организираат минијатурни изложби на убави и големи јаболка, на грозје, на сето овошје и зеленчук што виреат во овој крај а, крај секоја од изложбите, девојки во живописна влашка носија точат шира штотуку исцедена од слаткото грозје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој беше нестрплив да ја види својата Гица, најубава девојка во селото, а мене ми вети дека таму ќе ми најде непремено љубовница, ако ништо друго - ќе ми нареди работа со некоја од своите братучеди.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така, опкружен со млади девојки во хрватски носии, на јавната приредба за денот на хрватската независност хрватскиот претседател изведува пантомима, патетично ставајќи дукат во празната селска лулка (симбол за новородената држава).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веројатно мислејќи на бавчата со рози низ која шеташе мокар ветар и девојки во розови наметки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како претоварена гемија однегде доплови дебела девојка во црвен фустан, ги развлече намачканите усни и седна до него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми раскажуваа, се разбира не таа која беше толку кротка и скромна жена, дека била најубава девојка во селото во која се заагледувале многу момчиња, но таа се загледала само во еден, мојот татко.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Потоа, кога веќе паѓаше мракот, отидовме во најбедниот дел од Виена; минувавме по полумракот на тесните улички, едвај се разминувавме со девојките во распарталени фустани, и со мажите во подеднакво распарталени алишта, кои им пристапуваа на девојките со предвреме огрубени лица, со шминка која само уште повеќе го истакнуваше грубеењето, со здив кој мирисаше на алкохол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И секогаш потоа, кога веќе не бев девојка, и се обидував да се сетам на девојките од времето кога и јас бев девојка, пред очите ми се појавуваа само оние најблиските, се сеќавав на преплашеноста во гестовите, на потреперувањето на гласовите, на воздржаноста која уште повеќе ја истакнуваше заузданата возбуда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние бевме првата генерација девојки родени по настанувањето на зборот “сексуалност” во 1859 година, ние бевме девојки во она време кога интимниот однос помеѓу машкото и женското тело некои го нарекуваа ”телесен чин”, други - “венеричен чин”, трети - “нагон за расплодување”, и тоа физичко соединување на двата пола беше исчекувано со идеализирање, но беше сфаќано и како деградација, а понекогаш за исто суштество беше и едното и другото: од тоа соединување на двете тела се очекуваше воздигнување на душата во некои небесни сфери, но и се гледаше на него како на некаква животинска активност која ја валка душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа навистина беше една од најубавите девојки во градот. Каде исчезна, моја драга ведрино?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сите се смеат, прегласно, но поетот дофаќа како двете девојки во соседната соба живо разговараат околу дводелните пепито костуми во најновиот број на „Бурда“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се сеќаваше и на музиката во бакнежот на една девојка во една летна вечер.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се поднасмевна кога се сети на својот Харли, секогаш со две дисаѓи – едната за алиштата, а другата за гитарата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Косата уште му беше речиси исто толку руса и густа колку и во младоста – колку само ја сакаа сите оние девојки во Југославија кога одеше таму на одмор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Принцот веднаш по неа праќа пратеници; само една девојка во целото царство може да облече толку мала чевличка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така како што замислува секое девојченце во своите невини мечти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Убиец на покриви обиде злосторство со вазна врз девојка во снежни топки пред слепото око на светот на француска тераса на Хаваите во 5 до 12.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Посебно не се разбирав од таленти на кои, според Девојката во снежните топки, им требаше итно и сестрано реализирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не можеше да се одвои од тоа болно пулсирање и гледаше пред себе на сувата врвица некоја непозната девојка во сино и танка како оса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ќерко, јас те разбирам, ти си најуба девојка во Битола, колку шо си уба, барем толку си и умна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се врати пет – шест години наназад и се виде себе си како води љубов со Билјана, најубавата девојка во генерацијата во школското ве- це кое мирисаше на лајна и амонијак.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Билјана, најубавата девојка во класот и неговата генерација.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Половината на девојката во превојот на неговата рака беше мека и топла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа време девојките во ќошот на другиот кат ја прегрнуваа другарка си Анѓа, се бакнуваа и исплакуваа, радувајќи се за нејзината слобода, засипувајќи ја со разни неврзани прашања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се јавува кај некои девојки во таа возраст...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во автобусот на различни места седат една постара жена, еден човек и Светле, згодна девојка во мини.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Успеав дури некако и да ја намамам таа девојка во мојата машка гарсоњера што остана од татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Навистина не сум во состојба да сфатам - реков - каков непријатен проблем открива или може да создаде појавата на една девојка в бело во претсобјето на еден старец кој веќе го фатил патот на заминувањето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако успее таа девојка во бело да се втурне во собата на вујко ми, тој, иако онака антав и во непристојна бела антерија, ќе се измолкне од под чаршафите и ќе потскокне на мртовечкатата постела (како штотуку извадена од водата риба што лудо се фрла по песокта).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можев да се ослободам од чувството на виновност поради недоразбирањето што очигледно произлезе од моето сосема случајно поврзување на Јапонките со присуството на девојката в бело во претсобјето на вујко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чичко ми не бил суртук и празен шиник. Имал девојка во Ташкент. Затоа сѐ уште не е женет. Таа му пишувала за пиперките и за сѐ друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајката, будали оние од управата, бре.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Момче и девојка во униформа на борци на ДАГ, со автомати в раце, зад нив планини, бункери, експлозии, а под нив и над нив со големи букви: „Непријателот на Вичо нема да помине!“ и „О оехтрос сто Вици ден та пераси!“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Росана пак, најдобрата пријателка на Босилка била една од поубавите девојки во куплерајот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Девојка во војничка униформа, потпрена на левиот лакт без престан ѝ мафта со десната рака и ја вика да дојде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тешко поминатите месеци ја научија да ги поднесува самотијата, стравот, гладот и студот, ама таа не научи да поднесува кога ги гледаше момчињата и девојките во излитени војнички униформи, парталави, гладни и вошкосани и не можеше да ја поднесе глетката на ранети и убиени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Покрај толку девојки во Скопје зошто решивте да водите љубов токму со ќерка му Сара. Па таа е Еврејка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)