девојче (имн.) - во (предл.)

А од тоа девојче в село ни поубаво, ни поумно, нити подобра пак куќа и фамилија нема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа и даде здравје, како на никое девојче во селото, и таа од ден на ден го менуваше дотогаш жолтото и бледо лице во румено, црвено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На дното на ноќта, девојче во парталаво фустанче талка низ завеаните улици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако на никој од гостите не им значеа ништо имињата на нејзините братучетки, Мариела посебно нагласуваше, покажувајќи со прстот на девојче во шарен фустан, дека девојчето на фотографијата е таа, застаната меѓу Николина и Фанија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зорица беше највеселото девојче во улицата. Си играше со сите дечиња. Со никого не се караше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Половина од девојчињата во класот беа готови да си ги пресечат вените за него, но тој тоа не го гледаше; тој гледаше во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А, кога ја нашле, што да ви кажувам- рече Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Прочитав неодамна во весник дека убиле некое девојче во парков и три дена родителите не можеле да ја најдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги викна сите девојчиња во класот, дома на прослава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мртво девојче во полјаната на мртвиот град.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Четиринаесетгодишно момче во Сан Франциско одеднаш ќе флертува со убава глумица од Берлин, со девојче во Бразил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Излегува еден стар човек и ќе рече: — Нели е срамота да тепате девојче во жал?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека Холокаустот може да биде наш репрезентативен текст кој делумно е читлив низ технологијата на деструкција, тој текст сепак мора да се врати кон читањето на материјалниот универзум на телесната болка. R.D. Laing се сеќава на „едно малечко седумнаесетгодишно девојче во ментална болница“ којашто беше исплашена поради „атомската бомба во неа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но најголемиот дел од деструкциската уметност на жените го истражува проблемот на уништување на идентитетот и децентрирањето на Јас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Толку пати поминував од таму, таа зркната во мене, ама оти самичка, не се осмелував да ја опитам, ама денеска самата нè запре и нè внесе внатре, вели знам што бараш, те гледам секоја недела како го вртиш комшилукот со девојчето во раце и со ова убаво куче крај себе, ми кажаа што бараш, и така, ти била самичка, си имала една одајка отповеќе, вели дојдете уште од утре!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е тоа мочкање крв. Тоа е природна појава кај жените што се нарекува менструација и се јавува кај девојчињата во перииодот на пубертетот, па трае сѐ до доцните години на жената.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Настапи ритмичката секција - девојчињата во бели и црни трикоа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Милчо често ја вклучуваше Венче и во играта на неговите другарчиња кои му се лутеа што им се пика девојче во игри што не се за неа, која им пречи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)