доба (имн.) - во (предл.)

МУДРЕЦИТЕ НА ПАТОТ НА НЕИЗВЕСНОСТА Студено беше додека доаѓавме Поточно најлошо доба во годината (Според Т.С.Елиот)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ни мајци радост, ни себе радост, В најхарна доба в млада година, Как цвете полско прва то младост Мало по мало венит и гинит...
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да ѝ отиде на умот: од каде накаде вујко ми ова доба во дворот?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ништо не ќе го вознемири толку споменот како допирот со добата во која не се влегува повторно Плачот нема сенка. Патеката нема сенка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)