доведе (имн.) - во (предл.)

Ангажманот за јавните интереси, за повредените права и потиснати вистини; критички рефлексивната дистанца во однос на сопствениот идентитет, културното наследство и општествените институции; емфатичната вера во јавноста сензибилизирана за рационална аргументација; перформативното произведување на таа јавност низ актот на јавна употреба на сопствениот ум; принципиелното поттикнување на културата на разлики; отвореноста кон феномените на масовната култура, како и постојаното доведување во прашање на сопствената елитна позиција; одговорноста за демократскиот развој на општеството во целина ... тие и ним блиските особини не се наследуваат по никаква законитост од она што се нарекува хрватска културна и политичка традиција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А тоа подготвен значеше да донесе повеќе дрва во колибата, да го чува огнот разгорен, да има секогаш топла вода во котлето, за да може веднаш да се свари качамак или компири, тоа подготвен значеше доведување во ред на сè што беше расфрлано, сè што на секој начин беше надвор од вообичаениот ред и поредок во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа не е доведување во прашање на одреден структурализам кој претпоставува затворени структурни системи, кои го предизвикувуаат сопственото делување, а да не се отвораат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)