Облаци златокоси, дождови темнооки,  Таги мои извишени, ноќи најглобоки,  Што ми бегате штом ве иштам  Дури лелекам, дури пиштам  Од болки-додолки, од маки мартинки,  Штом се стишам кога дишам  Темното штом го рисам,  За да светнам и да летнам,  Како птица небесница, пеперуга златница  Како миризлива стих-латица  Како ѕвезда крилатица?
               
             
           
            
            
              „Сонети“
               од Михаил Ренџов 
              (1987)