треба да се вардат  трудните жени  во времето на големите пожари  и да нема мајтапи  на сметка на додолките  - кога тогаш ќе се истурат дождови  ама луѓето во македонија  останаа без чадори  - странците многу сакаат  луѓе без чадори  а историски е потврдена  и нивната љубов  кон народите кои исчезнуваат.
               
             
           
            
            
              „Светилничар“
               од Ристо Лазаров 
              (2013)