доказ (имн.) - во (предл.)

Климент Камилски, трагајќи по најуверливи докази во отворените и прелистувани книги за јазиците, беше свесен дека уште од антички до денешни времиња не престануваше утопијата во европската култура да се открие заеднички јазик за сето човештво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Навистина, во само две страници од самиот вовед, читаме дека тие не можат да научат нешто што не е внесено во нив, тие не можат да предвидуваат, не можат да претпоставуваат, тие само ги споредуваат облиците еден со друг, им недостасува осет за „опозитивни можности” и тие никогаш не можат да разберат дека две коли паркирани една наспроти друга всушност се спротивни. Rychlack не може да даде аргументи или фактички докази во поддршка на ниту една од своите изјави, од кои повеќето се или логички неточни или емпириски погрешни. okno.mk | Margina #3 [1994] 87 На што всушност се слични компјутерите?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Симптоматично е тоа што настанот мистериозно беше изоставен и од евиденција во полицијата, иако како што видовме погоре беше благовремено пријавен од страна на самата болница!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само откако Јакшиќ, со внатрешна „инсајдерска“ помош на негови луѓе во МВР, успеа да најде и „ископа“ докази во службените полициски книги, случајот се врати во „постоечките“ настани и беше подлежен на реконструкција, во рамки на предистражната [полициско-обвинителска] постапка.8
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките се должни најдоцна на подготвителното рочиште да ги изнесат сите факти и докази врз кои ги засноваат своите наводи, како и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ во постапката (чл. 271, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По приемот на одговорот на тужба или по протекот на рокот за поднесување на одговор на тужба, судот најдоцна во рок од осум дена ќе закаже подготвително рочиште, а истото ќе го одржи најдоцна во рок од 50 дена сметано од денот на закажувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, за прашањето да остане отворено, приврзаниците на теоријата на словенското прото-писмо од периодот пред Кирил наведуваат индиректни докази во облик на ставови од повеќе арапски патеписци, кои говорат за виденото од нив кај словенските народи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Токму тие „црти и рецки“ во славистичката наука до денес имаат најразличен третман: од непознато, типично словенско писмо до некој облик на рабуши за бележење на разни битови потреби, при што во науката преовладува второто мислење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми и Чанга прибираа нови докази во прилог на тезата дека козата во историјата на балканските народи се појавувала кога луѓето ја повикувале во името на некогашниот заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)