долг (имн.) - на (предл.)

БОЖАНА: (Го пречекува уште на прагот). Добре дојде, свату!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Кој, Јордан ли? За него нема ни рода, ни порода. Тој само за пари знае!... Каде си наврзав долг на глава!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со дијамантот не ќе мора да работи веќе, а ќе може и да му ги отплати своите долгови на ортакот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јасен е долгот на секој чесен човек. Зар е толку мачно да се сфати вистината?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
51. Ете зошто, еден од најглавните долгови на македонската интелигенција е да се отстранат еднаш за секогаш од Македонија бугарската и српската пропаганда, да се основа во Македонија свој духовен центар за Македонците и тој центар, како и самите Македонци, да нема никакво земање-давање со соседните балкански држави и народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Главно, јас ништо такво не реков, а само тоа дека не може да се живее со долговите на минатото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ни треба интелигенција со јасна свест за моралниот долг на човекот пред неговата татковина и неговиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)