дрво (имн.) - бев (гл.)

Дури и коритата за поење на добитокот, дури и стаблата на дрвјата беа варосани, и тоа догор, до гранките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој што го прескочи Светото дрво Беше од таа страна на сонцето Во долина на вечен студ и темно. . . . . . . . . . . . . . . . . .
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Подоцна повеќепати Едо се чудеше како не обрна внимание да види што дрвја беа, ореви или што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И тоа беше во тоа време, кога животот околу неа течеше со нескротлив тек, кога секое растение беше крунисано со плодови, а гранките на овошните дрвја беа свиени под своите тешки плодови, тогаш болката повторно ја штрекна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Утредента, кога влеговме во визбата кришум како и порано, просторот кај што беа дрвата беше чист.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Големите стари дрвја круши, раѓаа огромни плодови, сочни и благи круши, па цело село доаѓаше тука да се насладува, зашто секогаш се истураа со род а дрвјата беа многубројни- имаше доволно за сите и паѓаа насекаде поземји.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но сѐ кажа дрвото, сѐ видовме: на кората од тоа дрво беа наресани, како слики убави, сите букви кои Стефан Писмородецот ги беше прогласил за свое видение, за род и пород свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наоколу имаше и густи шуми, но дрвјата беа толку побелени од снег, што малку прилегаа на себе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)