единство (имн.) - во (предл.)

На присутните им се обратил претставникот на Претседателот на САД и претседателот на Комисијата за мобилизација, Пол Мекнит, кој меѓу другото истакнал: "Чувствувам дека со манифестираното единство во текот на ова попладне, вие учествувате во настан проткаен со визионерство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целиот свет ќе чуе за овој митинг за Американскиот словенски конгрес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А јас, во тие времиња, и покрај привидниот спокој на социјализмот, при што си продолжуваше инерцијата на деспотскиот сталинизам, и на комплицираните меѓуетнички односи, со многу племенски рецидиви, тешко зауздани со силните пароли за братството и единството во земјата, настојував да бидам критичен и урамнотжен, колку што ми го дозволуваше тоа мојата внатрешна автоцензура.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во раководството биле избрани Лео Крзицки, за претседател, Златко Балоковиќ, за потпретседател, и Георги Пирински, за секретар.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На Конгресот сите делегати се изјасниле за единство во борбата против нацифашизмот, подржувајќи ги воените напори на САД за што поскоро завршување на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Слично посакувал и Рудолф II: духовно-политичко соединување на “диспаратното” во неговото загрозено царство, една Европа која додуша е плуралистичка што се однесува до нациите, региите, вероисповестите, племињата, но која пронаоѓа надрелативно единство во интелектуалното соединување на сите спротивности; интересно е што Рудолф II не е фасциниран со сликата за Перикловата Атина или августовскиот Рим, кои се узори за секоја класика, ниту пак ја толерирал состојбата in politicis; него го обзема Александрија од времето на “Musei- on”, тогашната заедница (на државна сметка) на учени луѓе, и Хадријановиот Рим каде што настанал Пантеон, симбол на синкретизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)