Филмовите од        овие три етапи веќе на прв поглед се разликуваат според својот темелен „тон”: така, за        англиската етапа е карактеристично напнатото, питорескно збиднување во кое во брзо        темпо се сменуваат трагичното со комичното и во кое, секојпат во текот се вплетува        мноштво од „реалистични” детали (заради што, оваа етапа најмногу им лежи на срце        на традиционалистички насочените левичарски теоретичари на филмот, например Sa-        doul); меѓутоа, за „Селзниковата” етапа (од „Ребека” па натаму) поголемо значење има        женската нота (во најголемиот дел од овие филмови, настаните се раскажуваат од женска        перспектива - „Ребека”, „Маѓепсаниот” - или пак жената е средиштето на збиднувањето на        настаните - „Во знакот на јарецот”), и рамномерниот, нагласено мелодраматичен ритам и        на рамништето на истиот, ладен формализам.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 21“
              
              (1995)