Не приоѓајте му,  Тој се крие во жиличките на тревата,  Скита низ пустината и наслушува  од која страна ќе надојдат водите,  разговара со плодовите,  неговиот глас за визглавје  го ставаат во крошните на децата  и во постелите на болните,  неговата галија плови меѓу пусти острови  расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
               
             
           
            
            
              „Љубопис“
               од Анте Поповски 
              (1980)