загинат (имн.) - во (предл.)

Слушајте го и ова: - Во непосредна близина на спомен-костурницата на борците загинати во Народноослободителната борба - да се потсетиме дека Куманово е град на првоборец и херој, во него и во Прилеп пукнале првите пушки - е создадена голема депонија: ѓубре, градежен отпад, стари автомобили, делови од стара покуќнина, и апарати за домаќинство - сето тоа расфрлано на десетина хектари површина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И голема желба ни е да го посетиме местото каде се погребани загинатите во битката за Лерин.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Влегов во мојата соба и ја пронајдов книгата на која беше сликата на мајка ми, заедно со сликите на другите загинати во земјотресот и не знам по кој пат си плачев со неа на градите... мајко, мајчице моја, кој може тоа друг да ми биде...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа, во сите тие страшни денови, кога радиото ги соопштувало имињата на загинатите во земјотресот, со ужас го слушнала и името на една своја соученичка од времето пред да се запише во учителска школа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)