загрижен (имн.) - во (предл.)

Посебна загриженост во однос на настаните на Балканот, кои не се одвивале во корист на политиката на Велика Британија покажувал Орме Сарџент, заменик на државнит потсекретар во Министерството за надворешни работи, кој на 25 јануари во комуникација со Министерството за надворешни работи ја потенцирал “неопходноста да се опоменат Софија и Белград“, пред одржувањето на конференцијата во Јалта, за ставот на Велика Британија кон прашањата за обединување на Македонија и прашањето во однос на разговорите за југословенско-бугарска федерација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Да не не се чувствуваш добро, - рече таа гледајќи со загриженост во моето лице.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Синко, слушај ме, со сериозност и загриженост во гласот рече старецот, - не барај од мене да те пуштам онаму!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Марија тогаш за првпат забележа загриженост во очите на мајка ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Впрочем тој и не покажа некоја поголема загриженост во врска со тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на спорот Јаневски беше застапуван од својот полномошник – дипломиран правник (Д.Јовановски) од Советот на ССМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По препорака на ССМ тој, во 1995, решава да поднесе тужба против СТД „Јасмина“ и неговиот дотогашен ортак4 (С.Колев) како второтужен, а како правен основ на тужбеното барање се наведени неисплатените плати и придонеси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)