Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно!  одговори мигум Камилски и продолжи:      Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување:      Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)