засек (имн.) - на (предл.)

- По неа ќе можеме внимателно и умно до оној засек на карпава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
4.4 Не, јас не плачам во мојата келија, Јас самувам во жарот од семето, Во одроните од време, Во острите засеци на светлината, Во Јас-твото Што ме именува со Смрт.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Започна кожата да ѝ се набира, да ожебавува, дебелите засеци на нозете и рацете да ѝ се зарамнуваат, да ѝ се смалува подбрадокот, да ѝ спласнува мевот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во механичките засеци на градот потскокнаа подмачканите лостови, регулационите тркала нурнаа во зелените базени со масло.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сепак сета таа случка остави длабока трага во неговата душа, подлабока од засекот на корбачот преку грбот, ги збрка сосем некои негови тврди претстави за човештината, раздвижи различни чувства, а особено го потстакне чувството на револт, кое не можеше да не си најде и надворешен израз во вид на извесна акција.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)