збунетост (имн.) - во (предл.)

- Тргна по оној пат – ја предупредив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше изненадена. Мислам дека успеав да ја забележам малата збунетост во нејзината насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога платното од чад се расчисти од неговото лице, Френк без двоумење забележа сомнеж и збунетост во очите на татко му.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Подоцна сепак заклучив дека веројатно станувало збор за еден посебен вид молба за помош; или само збунетост во која е содржана спомнатата молба?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)