звук (имн.) - во (предл.)

Во случај на обратна пропорција, т.е. на поголемо количество на звуци во јазикот L1, низа симболи остануваат одвишни од аспект на фонетиката на јазикот L.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исто така, дополнителните знаци можат да бидат разместени меѓу симболите на основниот дел, што доведува до поголемо нарушување на редоследот преземен од системот-прототип, а како пример за ова, можеме да го посочиме ерменскиот систем на писмо и неговиот однос кон грчкото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Создавачот на глаголицата ја пронаоѓа фонетската сличност на оние звуци во старословенскиот јазик кои не постојат во грчкиот но постојат во низа источни јазици, и сообразно со тоа, се позајму­ваат и соодветните графеми, што ја пренесуваат фонет­ската вредност во графички симбол.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Може да се претпостави влијание на други графички примери, претежно од Истокот, во оној дел од глаголичката низа што влегува во дополнителниот дел од алфабетот и нема свој грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како лилјак се удира звукот во едниот па во другиот брег од клисурата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа не е игра: тоа ни овозможува да кружиме надвор од гробовите во кои се наоѓаме (дамки светлина и звук во воздухот кој го вдишуваме). 2.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А бидејќи тоа е Уметност, каква е тоа Уметност?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прашањето е дали тоа делува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според второто стојалиште, што го застапува и Соломон Маркус, се укажува на функцијата според која „звуците во поезијата и преку неа стапуваат во директна врска со човечките доживувања после симптоматските и симболичките коренсподенции помеѓу фонетските појави и вонјазички појави.“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Згора на сѐ новиот продуцент на Cash е Rick Rubin, гуруто на американскиот “инаков” звук во текот на претходната деценија. Corrnell-овата соработка со Cash очигледно дека имала влијание и на самите The Soundgarden.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Спиеше мирно. Утрото, кога се разбуди, рече: „Колку убаво се спие на твојава перница.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ноќ ги слушав тие звуци во својата имагинација, додека лежев така будна, и очекував Клара да вика додека спие, да им одговара во сонот на гласовите кои ја мачат во нејзиното јаве, гласовите кои не ѝ даваат да заспие, и на кои толку се има навикнато што без нив мракот ја плаши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Снегот крцкаше под осумте пара чизми – мек, сув, нагмечен – единствениот топол звук во студенилото околу нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога стигнаа до работ на чистинката, го слушна лаењето на кучињата. Беа веднаш под селото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И сето тоа треба да постои во бледата светлина како излез од темнината; немиот звук во тишината, малата радост во тагата ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И не само лицето - и гласот му бил чуден, со подмолно длабок звук во нејасно развлечените зборови. Не го разбрале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Измореното лице му било соодветно со бечвите составени од секакви крпеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доволно е копче за намалување на звукот во овој управувачки систем.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Африканската музика обележува практично сѐ што правам - дури и амбиентот, бидејќи тој произлегува директно од желбата да видам што сѐ ќе случи ако ги „отклучиш“ звуците во дел од музиката, им ја дадеш нивната слобода и не ги навиеш сите според еден ист часовник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ж: Е, баш сте умно ѓаволче. Ми ја уништивте приказната.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Темелно изведен пеколен план! Не морате да ми го кажувате продолжетокот: ги снимивте тие звуци во вашата песна и му ја подаривте плочата-бомба на Ракот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И звуци во ретка шума, необновена и неразбременета од мртви лисја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Место камчињата да ги сложуваме во мозаик ги оставаме таму каде што сме ги нашле – во новата фрагментација, наизглед исцепкана и расфрлана, материјата ја следи својата преобразба од звук во вибрација.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Часовникот отчукуваше со својот оддалечен звук во светот на кујната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луѓе облечни во бели долги кошули се движеа во круг испуштајќи необични звуци во испресечен ритам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не се слушаше ни нашето дишење, а камо ли некаков друг звук во училницата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ноќе, кога сите спијат, јасно се слушаат и најтивките звуци во зградата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)