излез (имн.) - во (предл.)

Често, кога не можеше да го најде кодот на сиџилите, низ прозорецот, гледаше кон небото коешто му ги прошируваше мислите, го понесуваше, кога немаше излез во сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На сите излези во градот имаше поставено турска стража.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секој, кој ќе влезеше или ќе излеше од градот, беше прегледуван и претресуван.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можеби сите линии, сите крстопати, излези во лавиринтот сочинуваат универзален план на некоја виша сила, кој треба човекот да го следи во текот на својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веруваше дека и распоредот на читањето на неговите книги може да се смета за лавиринт, кој ги обединува минатото и иднината, со излез во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XIV Во тие тегобни мигови повторно ми се нудеше како спас фугата на сеќавањето, излезот во татковата библиотека на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко често ни велеше дека книгите вистински ни припаѓаат колку што ќе соумееме од нив да извлечеме живот, да откриваме нови излези во сегашноста и за иднината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Голем дел од нив се губат себе си, не наоѓајќи излез во т.н. нормалност. Тонат и се самоуништуваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Особено во оние, за небото над планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сфатив дека моето решение најде подотворена врата и излез во неговите зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе се борам колку што можам да докажам дека нема јазик на кој не се рлаче и не се страда, нема јазик на кој може докрај да му се биде верен...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Би сакал да ви пренесам еден објавен текст за моите потраги и размисли, на некој начин расрнат помеѓу албанскиот и македонскиот јазик, во потрага по излез во јазикот на татковата душа: Еден ден, кога на прагот на пеколот или од рајот (со помали шанси) ќе се најдам пред небескиот трибунал на моите албански предци, сигурно ќе бидам обвинет за, велепредавство, затоа што додека живеев на рланетата Земја го изневерував мојот мајчин јазик, пишувајќи и на јазиците на другите, на јазиците на народот со кој живеев и оние другите, со кои бевме соседи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи во Картагина, во таа митска татковина на сега заробениот Југурта, стариот Бургиба, како да бев самиот во стапицата на легендата од која требаше да го најдам излезот во реалното време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Често немоќта да се најде излез во иднината го засилува инстинктот во човека, да се брани со криковите на своето дамнешно, митско или архаично минато.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, во својата егзилска стратегија, во основа сакаше да го оствари враќањето во себе, во сопствениот идентитет, трагајќи по излез во егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И оваа книга означуваше некаков излез, излез во животот, излез од Балканот, по кој Татко трагаше со сите свои други книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И дури ветениот излез во виртуелниот секс дојде до ќорсокак. Сѐ што ни преостанува се сметките.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)