излезе (имн.) - во (предл.)

При првото следно излегување в град, влезе во една поштенска испостава каде што побара да види телефонски именик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа беше една од последните вечери што ги паметам како многу згодно излегување во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Додека уште немаше план и не знаеше како ќе се организира да ѝ пристапи на работата, тој при секое излегување в град демнеше да најде луѓе од внатрешноста на земјата за да праша дали некој не чул за некој Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не би размислувала ниту за миг дали да заминам да не беа оние вечерни излегувања во градот толку многу предизвикувачки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беа полни со смеа, со дружења и со разговори, и уште на сето згора оние очи на Мартин кој одвај го познавав, а веќе ми се всели во мислите, тие очи, токму такви како сините очи на мојот идол артистот Леонардо ди Каприо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)