име (имн.) - нема (гл.)

А, на моето име нема да се сетиш!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најпосле тука се и децата: едно од нив, во еден момент и дава име на едната од козите, но неговото име нема да и го дознаеме, ниту имињата на другите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нека разберат крвави фашисти: македонско име нема да загине!
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
„Како се викаше тоа дете?“ ја запрашав мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не, името нема да ти го кажам. Не е важно...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јагулче, па Јагулче, си мислеше, со такво име нема да му веруваат!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Перверзно вжарени боски на едно место возбудлива комбинација на црвено со зелено во најразлични нијанси кои ни име немаат, ама постојат гледај! и одблесоци од сонце вжештен зрак и инстинктивен страв пред вишокот              Господи.  Грешен зачеток: моќта на јазикот Јазикот е створен од фигури - живи и мртви.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Твоето име нема да биде заборавено, зашто ти беше сиот вдаден да го видиш она што другите не можеа да го видат; да го чуеш она што другите не можат да го чујат; да го насетиш она што другите не можат да го насетат; да навлегуваш во тајните кои на другите не им се достапни.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)