инстинкт (имн.) - во (предл.)

Често немоќта да се најде излез во иднината го засилува инстинктот во човека, да се брани со криковите на своето дамнешно, митско или архаично минато.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но многу подлабоко од тоа лежи првобитниот мотив, оној инстинкт во кој никогаш не се сомневало, а кој прво доведе до приграбување на власта, а потоа ги донесе двомислата, Полицијата на мислите, постојаната војна и сите други неопходни приврзоци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш се чувствуваше ослободен од нешто замрсено и погано и мислеше само на тој снег, гледаше само наврнати дрвја пред себе и откриваше голинки и пресеки, по кои знаеше дека тука некаде поминува и патот, повеќе со некој инстинкт во себе, отколку по нешто видливо бидејќи сè што беше видливо, немаше ништо заедничко со тоа како изгледаа тие места лете, кога ја немаше оваа белина, кога беше сува земја и кога беше зелено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)