инструмент (имн.) - во (предл.)

А да ти кажам, кога тој ќе почне да вежба со труба од тие негови школски нотни книги, музиката воопшто не е за слушање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги слушаш сите инструменти во оркестарот и додека свират си мислиш дека ти ова си го напишала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Постапката на Флобер да се пресмета со своето време, со претенциозните картезијанци во областа на граматиката, астрономијата, логиката, етиката, преку инструментите на хуморот, гротеската, ќе ги натера Татко и Камилски да изнајдат свои патишта и нивни слични инструменти во докажувањето на лажниот напредок на лингвистиката, најчесто ставена во служба на политиката, што беше мошне честа појава на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Низ чадот што излегуваше од рерната и низ мирисот на изгорено можев да го помирисам неговиот здив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чарлс лежеше без зборови, додека лекарот со брзи движења ги враќаше инструментите во својата торба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вели, труба дувал од немајкаде, а труба му е основен инструмент во музичкото училиште.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)