искушение (имн.) - да (сврз.)

Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сексуална девијација во која главното сексуално задоволство и уживање произлегува од изложувањето на гениталиите пред личност од спротивниот пол. (ICD-9-CM)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Јас секако доаѓам во искушение да го тврдам истото но не сум сигурен дека јазикот што јас мислам дека го знам и јазикот што вие мислите дека го знаете е еднакво на сѐ она што треба да се знае за нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некои од нас не можеа да му одолеат на искушението да излезат и да видат што се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не постои чоек што не доаѓа у искушение да направи некоја ујдурма.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Западната наука сѐ до денес се наоѓа на сериозни искушенија да биде што пообјективна штитејќи ги експериментите од секое субјективно корумпирање од страна на гледачот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се свртев без збор за да не паднам во искушение да земам една од румените кифлички што се испаруваа од длабоката чинија на масата и примамливо мирисаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
1. Број: дел и целост Од еден до девет извишен е бројот твој, Господе нулата – граничен појас самооплодувачка матка Аин, арлекин искушение да се биде глобоко безобличје околу твоето мерливо про-странство околу вртливата одора - сонцогледната облост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)