испратнина (имн.) - во (предл.)

Севкупните промени што настанаа во периодот 1993-2005 најдобро можат да се забележат од следната табела: Работен стаж во Максимален број Година години/број на плати на месечни плати 1993 2:1 12 2003 3:1 8 2005 5:1 6 Табела 1: Висина на еднократниот надомест при добивање испратнина Односно, ако во 1993 година на работникот со наполнет работен стаж од 25 години му следуваше испратнина во висина од 12 месечни плати, од 2003 тој имаше право на 8 месечни плати, за од 2005 испрат- нината, во неговиот случај, да биде преполовена на 6 месечни плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Значи, се гледа дека критериумот за добивање испратнина во висина на едномесечна плата повторно беше зголемен – сега, од три на пет години работен стаж, со што дотогаш максималниот износ на можна исплатена сума од осум плати, повторно неосетно, се намали на само шест плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во текот на наредните седум месеци (од март до септември 2005) тие постојано истакнуваат дека плата ќе почне кога-тогаш да се исплаќа и дека моменталната ситуација набрзо ќе се надмине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, кратко по ова тие потполно престануваат да ги исплаќаат платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со измени- те извршени во април 2003, пак, се намали висината на испратнина- та, и тоа по две основи: прво, критериумот за добивање испратнина во висина на едномесечна плата беше зголемен од две на три години стаж кај работодавецот кадешто настанал престанокот на работниот однос; и, второ, максимумот од 12 месечни плати беше намален на осум плати, што е намалување за 1/3.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)