историја (имн.) - да (сврз.)

Просто изгледа како македонската историја да е испишана само од човекови неправди. Но, судбината не е за сите иста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како Историјата да е споменарник или момински дневник.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Зарем беше можно толку историја да се насобере, да се згусти и да се истури само за еден ден?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не разбирам, како може историјата да биде лавиринт?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Судбина... - рече учителот. - Сѐ се одвивало како првин историјата да била напишана, а по неа настаните се одвивале...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)