исчезне (имн.) - во (предл.)

Деструкциската уметност обврзува на критички согледби за прашањето на исчезнувањето. Jean-Francois Lyotard се бави со проблемот на исчезнување во својата книга Хајдегер и ‘евреите’, во којашто ја скова фразата „Заборавени“ за да ги означи оние услови што не се ниту „концепт ниту претставување, туку ‘факти’ како Factum (Кант)“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Останувањето при верата во Судбина („Ни останаа Господ, Правдата и Вистината”, вели поетот) може да биде заостанување, но и потполно исчезнување во една не визија туку Привид на историјата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еден таков “создавач” всушност е само една “лажица на создавање” која што го вади поредокот од супата на хаосот - во било која форма - и така дејствува наспроти општата тенденција, знаејќи дека со тоа тенденцијата нема да биде победена туку само одложена и дека сето она што го работиме, сето она што сме е осудено на исчезнување во заборавот. Но зарем не е општа желба на луѓето да го уредат секој хаос?  Најчесто се веруваше дека поредокот се открива.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Деструкцијата е посредник и процес на исчезнување во нашето време, времето на „Заборавени“, „евреи“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)