Татко, додека ѝ одговараше на загрижената Мајка, си направи брза геостратегиска калкулација во свеста: ако, на времето, Европа не го прифати отпорот на Скендербег и не му помогна во дваесет и петгодишната војна, по големата опсада во тврдината Круја, и не го спаси Балканот од Отоманската Империја, тогаш сигурно ќе го прифати и ќе го поддржи некогашниот франкофон водачот Енвер Хоџа, во неговиот отпор кон советската империја, од кој ѝ се закануваше пропаста.
               
             
           
            
            
              „Ервехе“
               од Луан Старова 
              (2006)